Направи
за испитување на срцето
Електокардиограм
- ЕКГ ( испитување на електричната функција на срцето ).
24 часовен ЕКГ холтер (
испитувањето трае од 24 до 48 часа и има финкција са ја испита електричната
функција на срцето ).
24 часовен АБП холтер (
испитувањето трае од 24 до 48 часа и има функција да го испите амбулаторниот
крвоносен притисок ).
Трансторакална
ехокардиографија – ТТЕ ( има функција да
ги испитува подвижните шуплини на срцето ).
Трансезофагеална
ехокардиографија – ТЕЕ ( има функција со помош на сонда која се мести во
деловите на желудникот , да го испита хранопроводот и срцето , бидејки
хранопроводот и срцето блиску се наоѓаат ).
Коронарен срес тест ( се
користи за проценување на физичкиот напор врз срцето )
Трансторакален доплер (
испитувањето се прави до 50 годишна возраст )
Стрес
ехокардиографија ( Стрес ехокардиографија се користи кај
лица кои од различни причини не се во состојба да бидат дијагностицирани со
коронарен стрес тест. При ова тестирање медикаментозно се стимулира срцевиот
мускул исто како да е под физичка активност ).
Каротидна
болест
Каротидите се горните
артерии на вратот. Постојат три вида на каротиди , а тие се : интерна , надворешна и заедничка.
Коранопатија е болест којашто доведува до запушување на каротидите . Причини за
тоа се : стресови , нервози , пушење , алхохол
, внесување на нездрава храна , со што се стеснуват ѕидовите на артериите , се
спречува и се собираат хранливите материи и крвта со што доведува до запушување
на артериите. Операцијата трае од 1 до 2 часа.На пациентот му се даваат
медикамети и инекција. Прво хирургот со хируршки скалпел го отвара вратот , а
потоа ги чисти плаките , наслагите. Каротидна ендартеректомија е хируршка
процедура со којашто се острануваат плаките , наслагите на каротидите. Откога
ќе се исчистат плаките , хирургоу го шие и го затвора делот од вратот. Потоа
пациентот се префрла во полуинтензивна нега кадешто е некоклку часа под апарати
за мониторирање . Кога ќе се освести пациентот ќе биде збунет и ќе неможе многу
да збори , но сестрите ќе му помагаат . Ако состојбата е добра пациентот се
префрла во болничка соба и болничкиот престој е од 2 до 3 дена , но притоа
треба да ги земе лекувите што ги дал докторот и да доаѓа на редовни прегледи.
Личноста која што е оперирана од оваа болест не смее да се движи многу , не
смее да дига тешко , а на работното место смее да се врати после 1 месец .
Биење на
срцето
Срцето
е составено од три мускули : миокард , перикард , ендокард. Срцето
со помош на трите мускули ја пумпа крвта со што срцето прави биења , отчукувања
. Па така , можат да настанат проблеми со отчукувањата . Може да биде наследо ,
од стресови и нервози , не редовно пеиње на лекарствата за срцето зададени од
докторот. Аритмија е ненормално отчукување на срцето коешто може да биде последица од миокарден инфаркт.
Тахикардија е брзо биење на срцето , над нормалата со повеќе од 100 оттчукувања
во минута. Брадикардија е бавно биење на срцето , под нормалата со помалку од
60 оттчукувања во минута.
Валвули
Валвулите
имаат функција да го овозможат текот на крвта до залистоците. Постојат четири
вида на валвули: на левата страна на срцето се наоѓаат
аортна и трикуспидна валвула , а на десната срана на срцето се наоѓаат
пулмонална и аортна валвула. Хирургијата којашто се занимава со хируршки
интервенции на валвулите се вика валвурна хирургија. Зголеменоста на валвулите
е многу често денеска , но притоа ако се интервенира кога е прва фаза на
зголемување тогаш операцијата е пократка и поедноставна , за разлика од тоа ако
валвулата е во многу сериозна состојба тогаш операцијата е многу подолга и е
многупосложена и ризична.
Стеноза
на митрална валвула
Стеноза
на митрална валвула или митрална стеноза е намалување на валвулата на срцето.
Во САД околу 4 до 5 % од населението има екстра ткиво на валвулата кое што
доведува до стеснување на валвулата.
Миокарден
инфаркт ( кардиомиопатија)
Миокарден
инфаркт или кардиомиопатија е инфаркт на миокардниот мускул на срцето.
Миокардот , како и перикардот и епикардот учествуваат во процесот на
контракција ( стегање и опуштање на срцето ). Причини за настанување на
миокарден инфаркт се: пушење, алхохол, стресови,нервози,
внесување на нездрава храна во организмот, премногу замор и слично ,со што
доведува до стеснување на ѕидовите на артериите и на тој начин се блокира
пренесувањето на крвта и на хранливите материи. Блокирањето и стеснувањето на
срцето може да биде на: десна и лева коронарна артерија и
лева предна десцедентна артерија. Постои акутен и хроничен миокардит.
Миокардниот мускул може да предизвика задебелување и да отече. Симптоми за
миокарден индаркт се: градба болка, болка на левата рака и
долната вилица, болка во грбот и слично.
Бактериски
ендокардитис
Бактериски
ендокардитис е бактерија на залистоците којашто е многу ретка болест. Може да
се пренесе на мажи , жени и деца.
Перикардитис
Перикардитис
е многу ретка болест којашто доведува до оштетување на марамицата , обвивката
на срцето.
Катетеризација
на срце
Катетеризација
на срце или катете е испитување на
артериите и вените со помош на сонда во внатрешните делови на срцето. Испитувањето се прави на пациенти пред и по
операцијата , но не мора да значи , може да не се прави операција и да се
испита.
Бајпас
операција
Бајпас
операцијата трае од 3 до 6 часа. На пациентот му се даваат медикамети и
инекција за да може да заспие и во текот на операцијата да не ја чувствува
болката. Потоа хирургот со помош на брусалка го отвора градниот кош, па потоа
внимателно го отвара и срцето. Откога го отвара срцето се работи само на
запушената артерија или на повеќе. Тоа значи, на пример ако има три запушени
артерии тогаш ќе има трокатен бајпас и така натаму. Хирургот на стеснетата
артерија го чисти и го остранува оштетениот дел и потоа од ногата, белите
дробови или од вратот се зема артерија и се поврзува со таа од срцето, на еден
начин се врши калемење на артериите. Откога ќе се заврши операцијата се затвара
срцето и белите дробови со шаб. Потоа пациентот се пренесува во интензивна нега
кадешто е целосно под апарати на мониторирање . Кога ќе се разбуди пациентот му
се даваат лекови и треба пациентот силно да кашла за да се исчистат белите
дробови. Откако на пациентот ќе се подобри ситуацијата и резултатите се добри
се пренесува во полуинтензивна нега кадешто е на неколку апарати на
мониторирање , а по неколку дена ако се е добро се пренесува во болничка соба.
Болничкиот престој е од 7 до 10 дена. Ако состојбата на пациентот е добра се
пушта од болничкото лекување со претходно дадените лекови од докторот.
Пациентот потоа треба да оди на редовни контролни прегледи , да не се движи
многу, голем дел од денот да го помине во одмарање, пациентот да не се
наведнува многу, а на работното место може да се врати после 1 година.
Периферна
васкуларна болест
Периферна васкуларна болест е болест
на оштетување на артериите и вените на нозете. Операцијата трае од 1 до 2 часа.
На пациентот му се даваат медикамети и инекција. Потоа хирургот ја отвара со помош на хируршки скалпел ногата
, наместо вена или артерија од друг дел од телото да се стави , се става
артифицијална протеза како бајпас графт. Откога ќе се заврши операцијата
пациентот се пренесува во полуинтензивна нега кадешто е некоклку часа под
апарати на мониторирање. Ако состојбата е добра пациентот се пренесува во
болничка соба каде што болничкиот престој е од 3 до 10 дена. После тоа ,
пациентот треба да ги земе лекарствата дадени од лекарот и да доаѓа на редовни
контролни прегледи. Пациентот потоа може редовно да трча , да се движи , но не
многу и да се претерува.
Аневризма
на аорта на срцето
Аортата
е најголемата артерија кај човекот. Таа се врзува со некој артерии и ја
пренесува оксидираната крв низ цел организам. Постојат три вида на аорти: на левата страна се наоѓаат : асцедентна торакална аорта,
десцедентна торакална аорта и абдоминална аорта , а на десната страна се наоѓа
аортниот лак и срцето. Аневризма на аортата на срцето е задебелување на аортата
на срцето од нејзината правилна форма. Симптомите се : градна болка, болка во срцето , болка
во грбот, абдоминална болка , недостаток на воздух , кома, парализа. Ако
аортата не е многу задебелена , тогаш не треба да се направи хируршка
интревенција , туку треба да се следи постојано , а ако аортата на срцето е
многу задебелена и пациентот има сериозни проблеми тогаш треба да се прави
операција.
Абдоминална
аортна аневризма
Абдоминална
аортна аневризма е задебелување на аортата во деловите на абдоменот.
Операцијата трае од 3 до 4 часа. На пациентото му се даваат медикамети и
инекција коишто му помагаат да заспие и во текот на операцијата да не ја
чувствува болката. Хирургот прави резна на оној дел на абдоменот каде што е
задебелена аортата. Потоа, хирургот наместо од другите делови од телото да
става аорта , се става артифицијална протеза како бајпас графт. Откако ќе
заврши операцијата, се шие е се затвара абдоменот , а пациентот се пренесува во
интензивна нега кадешто ќе биде приклучен на апарати на мониторирање и ќе има
црево во устата коешто ќе му помага да дише се додека тој не се осамостои и сам
да почне да дише. Потоа ако состојбата е добра и прегледите се добри, пациентот
се пренесува во полуинтензивна нега , а по извесен период ако испитувањата и
резултатите се добри пациентот се пренесува во болничка соба. Болничкиот
престој е од 8 до 10 дена , а притоа кога ќе се ослободи пациентот од болничко
лекување , тој треба да ги земе лековите што ги дал докторот и да доаѓа на
редовни контролни прегледи. Пациентот потоа не смее многу да се движи , не смее
да се наведнува и да прави нагли чекори , а на работното место може да се врати
после 1 до 2 месеца.
АСД (
Атријален Септален Дефект )
АСД (
Атријален Септален Дефект ) е дефект помеѓу горните комори на срцето. Септумот
е ѕидот на срцето којшто ја раздвојува левата и десната страна на срцето.
Кардиоваскуларна
хирургија на вродени срцеви мани
Кардиоваскуларната
хирургија на вродени срцеви мани е многу поедноставна хирургија бидејќи се
темели на вродени мани. Операциите не се толку многу сложени како оние операции
коишто не се со вродени мани, во зависност и од
вродените мани има некој болести коишто операциите траат доста долго и
некој операции се ризични. Пример: вродени срцеви мани може да има кај
деца и возрасни, кај децата може и во детството да се извршат операции ако е
критична , може во одрени години од детството да се изврши операцијата, може
после 18 години и така натаму, додека пак кај возрасните може да се откриени
доцна вродените болести и така натаму. Сепак вродените срцеви мани се
поедноставни отколку оние што не се вродени и луѓето приноле самите себе да им
се случи натаму , за тие што си продонеле самите себе, операциите се многу сложени , ризични се, а
дури и некој операции се неуспешни.
Кардиоваскуларна
перфузија
Кардиоваскуларна перфузија е науката за обезбедување
вонтелесна циркулација со цел вештачки да се поддржат и привремено да се
заменат респираторните и циркулаторните системи на пациентот.
Кардиопулмонарен
бајпас
Кардиопулмонарниот бајпас (CPB) е техника која
привремено ја презема функцијата на срцето и белите дробови за време на
операција, одржувајќи ја циркулацијата на крвта и содржината на кислород на
телото.
Трансплатација
на срце
Трансплатацијата
на срце е една од најтешките операции во кардиоваскуларната хирургија. Операцијата
трае околу 10 часа. Во оваа трансплатација учествуваат не само кардиоваскуларни
хирурзи , туку: инструменталци коишто му ги подаваат
хируршките алати на хирургот, анестезиолози коишто на пациентот му даваат
медикамети и му ја дозираат инекцијата која има функција да го успие пациентот
и во текот на операцијата да не ја чувствува болката, медицински сестри коишто
му помагаат на хирургот т.е. му ги ставаат хируршките ракавици на хирургот и
хируршкиот мантил, му ги штелуваат хируршките наочари во кој се наоѓа
микроскопска диоптрија каде што хирургот ги гледа најмалите делови во срцето,
трансфузиолози коишто имаат функција да ја пренесуваат крвта од дарителот со
помош на црево во деловите на срцето на пациентот и така натаму. Прво хирургот
со помош на брусалка го отвара градниот кош, потоа се отвара срцето, во оваа
операција не смее ниту мал дел да се оштети бидејќи пациентот може да почине,
хирургот внимателно со хируршките наочари коишто се зумираат, го отстранува
срцето од организмот, потоа се транспортира срцето во замрзната кутија од
донаторот и се носи во хируршката сала, трансфузиолозите внимателно го вадат
срцето од замрзнатата кутија и го ставаат во големо хируршко лонче со одредена
температура на топла вода кадешто срцето се поврзува со црева и апарати коишто
имаат функција да ја пренесува крвта во срцето и да го вклучи во состојба,
потоа срцето од донаторот приклучено со апаратите и цревата внимателно се
пренесува и се става на пациентот.Откога ќе се заврши таа процедура се затвара
срцето и градниот кош со шаб. Потоа пациентот се пренесува во интензивна нега
каде што пациентот е целосно под апарати на мониторирање, а потоа целовреме се
следи и се испитува состојбата на пациентот со срцето, се следи ритамот на
отчукувањето на срцето и пумпањето на крв како и крвниот притисок. За да
одговара срцето од донаторот на пациентот, барем треба да биде 98 %. Потоа ако
состојбата на пациентот се подобрува, пациентот се пренесува во плуинтензивна
нега каде што е на неколку апарати на
мониторирање. Кога ќе се освести пациентот, на пациентот му се даваат лекови и
треба длабоко да кашла за да се исчисти слузот и штетните материи од белите
дробови. Ако состојбата на пациентот се подобрува и резултатите од испитувањата
се добри , тогаш пациентот се пренесува во болничка соба. Болничкиот престој е
од 7 до 10 дена. Ако состојбата на пациентот е добра тогаш пациентот се отпушта
од болничкото лекување и пред тоа дадените лекови од докторот. Пациентот ,
треба да оди на редовни контролни прегледи, потоа не смее многу да се движи, не
смее да се наведнува и да прави голема физичка активност, доста голем дел од
денот пациентот треба да го помине во одмарање и така натаму. Пациентот на
работното место може да се врати после 1 година.
No comments:
Post a Comment