Thursday, August 9, 2018

,, Растително царство ''

             

                          Поделба на растителното царство:


            Растителното царство има над 350 илјади видови на растенија од кои : некој се отровни , некој се кисели , некој се корисни за човекот и слично. Растителното царство е поделено на две групи: бессемени и семени растенија. Бессемените растенија се неречени поради тоа што немаат семе , не се размножуваат со семе како семените растенија, се размножуваат со помош на спори. Бессемените растенија се поделени на : мов и папрат. Семени растенија се наречени поради тоа што имаат семка и се размножуваат со семка. Семените растенија се поделени на : голосемени и скриеносемени растенија. 



                                   Бессемени растенија:


            Бессемени растенија се наречени поради тоа што немаат семка и не се размножуваат со семе , се размножуваат со помош на спори. Претставници на бессемените растенија се : мов и папрат . Мовот е застапен на : влажни места , карпести и планински предели. Мовот нема развиени органи , нема стебло , корен , туку има само мали , тенки и нежни ливчиња. Се размножува со спори кои се наоѓаат во торбичката на листот. За да се одвива размножување на папратот потребно е барем една капка од дожд да има за да може да има размножување. Папратот е застапен влажни мести , планински предели , но не и на карпести површини како мовот. Папратот има поразвиени органи отколку мовот : има вистински корен , нежно стебло , вистински листови и нежни гранки. Папратот се размножува со спори кои се наоѓаат на опачината на листот. Познати врсти на папрат се : машки , женски , еленски , орлов папрат и слично. Во времето на диносаурисите имало џиновски папрати , но со големата катаклизма изумреле голем број на различни врсти на папрати со што денеска ги има како остатоци во рудниците со јаглен. 

 

                              Скриеносемени растенија:


           Скриеносемени растенија се наречени поради тоа што нивната семка е заштитена во внатрешните делови на плодот со дебела и црвста обививка , за разлика од голосемените растенија каде што семката не е заштитена со дебела и цврста обвивка, туку се наоѓа залепена на дрвенестите ливчиња на женската шишарка којашто е заштитена со нежно , тенко и привидно крилце за да се заштити при процесот на расејување . Скриеносемените растенија се поделени на : монокотиледони и дикотиледони . Карактеристики на монокотиледоните се : монокотиледоните имаат 1 котиледон ( 1 семено ливче ) , имаат жилест корен , спроводните снопчиња ( ксилем и флоем ) се расфрлани , имаат паралелна нерватура на лист и имаат трочлен цвет . Примери за монокотиледони се : житни растенија , кокос , урма , банана и слично . Карактеристики на дикотиледони растенија се : дикотиледоните имаат 2 котиледона ( 2 семени ливчиња ) , имаат осков корен , спроводните снопчиња во вид на прстен , имаат жилеста нерватура на лист и имаат петточлен цвет . Примери за дикотиледони се : грав , леќа , грашок , боранија , краставица , домат и слично .



                            Општи карактеристики кај
                              голосемените растенија
:


          Голосемени растенија се наречени поради тоашто нивните листови се во вид на игличка за да можат да се заштитат од преголемото оддавање на водената пареа , а тоа е процесот транспирација (латински : transpiriro - испуштам , издишувам ). Исто така , голосемените растенија потекнуваат од листовите зоќто . Листовите кај голосемените растенија се лушпести , игличести и зелени ( зимзелени ) коишто можат да издржат на премногу ниски температури . 



 Опрашување , размножување и расејување кај голосемените  растенија:



         Голосемените растенија се размножуваат со машка и женска шишарка и семка ,кадешто семката се наоѓа во внатрешните делови кај женската шишарка којaшто е заштитена со нежно , тенко , привидно крилце за да може да се заштити при процесот на расејување. Расејувањето кај голосемените растенија се врши со помош на ветрот , а опрашувањето кај голосемените растенија се врши кога машката полова клетка ( полен ) ќе стигне до женската шишарка .



                           Претставници на голосемени
                          растенија  ( латински називи )
:


Бор ( pinus ) :
-        Црн бор ( pinus nigra )                                          
-        Бел бор ( pinus silvestris )                                             
-        Алепски бор ( pinus halepensis )                                   
-        Суматрански бор ( pinus merkusii )
-        Молика ( pinus peuce )                                           
-        Хималајски бор ( pinus lambertiana )                           
-        Планински бор ( pinus mugo )                             
-        Култеров бор ( pinus coulteri )
Ќедар ( cedrus ) :
-        Атлански ќедар ( cedrus atlantica )
-        Либански ќедар ( cedrus libani )
-        Хималајски ќедар ( cedrus deodara )
Ариш ( larix ) :
-        Европски ариш ( larix decidua )
-        Хималајски ариш ( larix himalaica )
-        Сибирски ариш ( larix sibrica )
-        Атлански ариш ( larix atlantica )
-        Смрчи ( picea ) :
-         Бодликава смрча  (picea  pungens)
-        Обична  смрча  ( picea abies )
-        Панчиќева оморика ( picea omorika )
Чемпрес ( cupressus ) :                                                              
-        Обичен чемпрес ( cupressus sempervirens)
-        Аризонски чемпрес ( cupressus arizonica )                                     
Ела ( abies ) :
-        Корејска ела ( abies koreana )
-        Сребрена ела ( abies alba )
-        Кавкаска ела ( abies nordmaniana )
Тиса ( taxus ) :
-        Тиса лина ( taxus baccata )
Секвоја ( sequoia ) :
-        Џиновска секвоја ( Sequoiadendron giganteum)
-        Крајбрежна секвоја ( sequoia sempervirens )
Туја ( thuja ) :
- Туја смарагд ауреа ( thuja orientalis) 



                                                    Бор:


             Бор ( латински : pinus ) има 115 вида на борови од кој најпознати се :
-        Црн бор ( pinus nigra ) е најраспространиот бор во светот.                                          
-        Бел бор ( pinus silvestris )                                             
-        Алепски бор ( pinus halepensis ) застапен е најмногу во медитеранот , а поточно во Барселона , Шпанија , а и е застапен во деловите на Блискиот Исток                                   
-        Суматрански бор ( pinus merkusii )
-        Молика ( pinus peuce ) е распространета  во Србија , Албанија , Бугарија , Црна Гора , а и е застапена во Пелистер , во Ребублика Македонија . Расте од 35 до 40 метри , шишарките се долги од 8 до 16 сантиметри , а некои шишарки се до 20 сантиметри. Семката се расејува со помош на ветер , а најчесто се расејува со птицата лисичарка                                           
-        Хималајски бор ( pinus lambertiana ) е застапен во западните делови на Хималаите , а  застапен е од 1500 до 3200 метри надморска височина и расте од 20 до 40 метри                          
-        Планински бор ( pinus mugo )                              
-        Култеров бор ( pinus coulteri  застапен е во деловите на Калифорнија , Канада , Мексико . Расте од 10 до 20 метри , а и има џиновски шишарки  со голема , дебела и црна семка и мало крилце .
   Видови на борови :  жолти и тврди , опашести и пињони и бели и меки борови . 



                                                       Ќедар:


          Ќедар ( латински : cedrus ) припаѓа во фамилијата на борови ( латински : Pinaceae ) . Бојата на игличестите листови е сина – зелена  , а на некој врсти е зелена – кафеава. Од ќедаровото дрво се прават денешните бродови , а се докажува дека од ќедарот била направена арката на Дедо Ное . Просечно ќедарот расте од 20 до 30 метри,  а некои врсти растат до 60 метри . Ќедарот како голосемено растение бавно расте и има долг живот . Шишарките на ќедарот кога ќе узреат се во вид на полукружна топка којшто кога е узреана се распаѓа , а од неа испаѓаат семките . Познати врсти на ќедар се :
-        Атлански ќедар ( cedrus atlantica ) расте од 20 до 30 метри и бојата на игличестите листови се сино – зеленкаста
-        Либански ќедар ( cedrus libani )
-        Хималајски ќедар ( cedrus deodara ) го има покрај средоземјето од 1000 до 2000 метри надморска височина  , а и е застапен во западните делови на Хималаите од 1500 до 3200 метри надморска височина . Хималајскиот ќедарот има зелено – сивкаста боја на листовите .



                                               Ариш:


Ариш ( латински : larix ) е единственото голосемено растение коешто на есен му паѓаат листовите , а на пролет му цветаат листовите . Расте од 25 до 45 метри . Во Република Македонија познати врсти на ариш се : европски ариш ( латински : larix decidua) и јапонски ариш ( латински : larix kaempferi ) . Познати врсти на ариш се :
-        Европски ариш ( larix decidua ) е застапен во источните делови на Европа
-        Хималајски ариш ( larix himalaica ) е застапен во западните делови на Хималаите
-        Сибирски ариш ( larix sibrica ) е застапен во северните и северозападните делови  на Сибир
-        Атлански ариш ( larix atlantica ) е застапен покрај бреговите на Атланскиот Океан
-        Јапонски ариш (larix kaempferi ) е застапен во Јапонија. 



                                         Чемпрес:


           Чемпрес ( латински : cupressus ) има од 16 до 25 вида . Чемпресот расте како зимзелено дрво или како грмушка коешто расте од 5 до 40 метри . Во Република Македонија познати врсти на чемпрес се: обичниот чемпрес ( латински : cupressus semprevirens ) и аризонскиот чемпрес ( латински : cupressus arizonica ) којшто е изастапен во деловите на Аризонтот . 



                                               Тиса:


            Тиса ( латински : taxus ) е иглолисно растение коешто има темно – зеленкаста боја на листовите и има прилично дебели игличести листови  . Во Република Македонија е застапена тиса  лина ( латински : taxus baccata ) , а латинскиот назив ,, baccata ‘’ значи ,, бобинка ‘’ . Покрај тоа оваа тиса  лина е  застапена во САД , Канада и слично . Нејзините мали шишарки се со големина со околу 2 сантиметри и шишарките имаат светло портокалова со малку црвена боја . 



                                           Секвоја:


Секвоја ( латински : sequoia ) има само две врсти , а тие се : крајбрежна секвоја ( латински : sequoia sempervirens ) и џиновска секвоја ( латински : sequoiadendron giganteum ) . Овие два вида на секвои  се ендемски видови на голосемени растенија кошито ги има само во Калифорнија и Кина и се заштитени со закон . За време на периодот Јура кога живееле диносаурусите имало многу разновидни видови на секвои , но со умирањето на диносаурусите пред 65 милиони години ,   така и изумреле голем број на растенија и животни коишто денес ги нема или се ендемски видови во светот , па така овие две секвои се еден пример за ендемичност во светот . Џиновската секвоја (латински : sequoiadendron giganteum ) е највисокото растение  во целиот свет коешто просечно живее 4900 години , расте околу 120 метри и стеблото е широко 11 метри . 



                                           Туја:


        Туја ( латински : thuja ) е декоративно растение коешто има само 5 врсти и е род на четиринари од фамилијата на чемпреси . Поради тоа дека  тујата е  декоративно растение е и најмногу застапена низ целиот свет . Позната врста на туја е туја смарагд ауреа ( латински : Thuja Orientalis  ) којашто има светло – жолта боја на игличестите листови и расте просечно од 2 до 4 метра и е распространета низ целиот свет .



                                              Ела:


           Ела ( латински : abies ) има од 48 до 55 вида на ела , па познати врсти на ела се :
-  Корејска ела (   Abies Koreana  ) којшто ја има во деловите на Кореја
- Сребрена ела ( Abies alba ) ја има во деловите на средна , јужна , источна Европа и Мала Азија
- Сибирска ела ( Abies sibrica ) ја има во тајгите , во Северна Азија и Северна Америка . 



                          Смрчи:


  Смрчи ( латински : picea ) има 35 видови . Игличестите  ливчиња се боцкави . Познати видови на смрчи се :
   Панчиќева  Оморика ( picea Omorika ) ја открил српскиот  ботаничар  Јосиф Панчиќ
   Обична смрча ( picea abies )
   Бодликава смрча ( picea pungens ) , а е позната и под името на  ,, сина смрча ‘’ поради тоа што нејзините иглички имаат светло сина боја . Шишарките просечно растат од 8 до 10 сантиметри и имаат светло кафеавкаста боја .



             Осетливост на растенијата и дразби:


          Тропизам е движење на растенијата предизвикано од надворешната средина . Позитивен тропизам е движење кон изворот на дразбата , но растенијата не го менуваат своето живеалиште , а како пример за позитивен тропизам е сончогледот којшто со помош на неговото стебло се движи во ротација на исток _ запад . На исток сончогледот се движи за време на изгреј сонце , а на запад се движи за време на зајди сонце .Негативен тропизам е тропизам кадешто се одбегнува движењето кон изворот на дразбата . Пример при допир на листовите кај мимозата и муволовката се затвараат листовите . Мимоза ( латински : Acacia Dealbata ) е вид на радтение и припаѓа во родот акција ( Acacia ) , на кој припаѓаат 40 родови со 1.500 разни тропски и суптропски врсти на мимоза .Муволовката е инсектојадно , месојадно растение . Како на пример ситните мали црвчиња во потрага на храна ќе се доближат до листот на муволовката мислејки дека нешто убаво мириса , а всушшност тоа е муволовката којашто ги затвара листовите и се исхранува со помош на ситни инсекти и некој мали врсти од групата на месојадци .